Search
Search

Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“

Со цел да ги дознае приоритетите во буџетот за 2024 година, Општина Центар ја става во функција алатката „Мој буџет“ https://mojbudzet.centar.gov.mk/mojbudzet на веб страната на општината. Со помош на оваа алатка ќе може да се направи преглед на приходите и расходите во Нацрт-буџетот на Општина Центар за 2024 година.

За да ја користите алатката „Мој буџет“ треба да одберете некоја од понудените ставки и со едноставно лизгање да го измените буџетот според сопствено видување, а потоа од десната страна со лизгање надолу да се регистрирате со цел да ги поднесете измените – појаснуваат од Општина Центар.

Општина Центар е на врвот на транспарентност во работењето затоа што им овозможува на граѓаните вклучување во креирањето на буџетите преку „Мој буџет“ и Буџетски форум.

АКТУЕЛНО