Search
Search

Општина Штип со Јорданов чека „подобри времиња“ за ветените проекти

Од многуте ветувања за издејствување победа на изборите, градоначалниците на општините на локалните избори во 2020 година ветија се и сешто. Таков беше градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов, кој во својата предизборна програма насловена „За Штип гарантираме, создади нова иднина“ вети многу нешта, а скоро нема сработено ништо за две години.

Тој не изостанува од политички изјави за време на кампањата на локалните избори, дека важно било на претстојните парламентарни избори да победи ВМРО-ДПМНЕ за да се реализираат проектите коишто се неопходни за Штип.

„Ајде од овде да испорачаме порака дека наредните месеци ќе се крои иднината на Република Македонија. Затоа што важно е да централната власт заедно со локалната власт го кренат Штип, заедно да ги изградиме булеварите, градинките, водоводните мрежи, она кое што заеднички го ветуваме и она кое што секојдневно го работиме“, рече Јорданов.

Зголемување на висината на надоместок за оддржување на градското зеленило како и покачување на цената за паркирање на 131 паркинг место, цената за дел од паркинг местата во центарот на градот, наместо досегашните 20 денари е 30 денари за првиот и секој нареден час. Што значи дека зголемување за 50%, а за овие паркинг места не важат повластените месечни и годишни карти кои ги купиле граѓаните.

Меѓудругото јавните претпријатија бараа покачување на услугите. По рекордното зголемување за над 110 % на надоместокот за собирање смет , граѓаните сега се соочени и со покачување на надоместокот за одржување на градското зеленило десеткратно. Така наместо досегашните 0,50 денари за м2 станбена површина и 0,05 денари м2 за дворна површина, домаќинствата отсега ќе плаќаат 1,50 денари за 1 м станбена површина и 0,5 денари за м2 дворно место, а исто и  фирмите.Според извори на Градска.мк ваквите одлуки се особено неприфатливи ако се има во предвид незадоволството на граѓаните од работата на ЈП, кои секојдневно се жалат за несобраниот смет, неискосената трева, непрописно исечените дрвја, непристапните теотоари и незакрпените дупки по улиците.

Според СДСМ  кај месноста Мирјанина црква, во изборната програма на Иван Јорданов стои ветување за создавање на огромен градски парк со езера, места за спортување и одмор и конечно решавање на дивата депонија. Овој проект по ветување на Јорданов требаше да биде во првите две години од неговиот мандат. Наместо на реализиран проект денеска сме сведоци на огромна депонија.

Дополнително Јорданов на граѓаните во октомври 2021 година им вети, “Бања Кежовица извор на здравје“ , со којшто во 2022 година требаше да се реконструира Бањата Кежовица, а до неа да се изгради огромен парк за одмор и рекреација, проект што не е реализиран.

Од друга страна Министерството за транспорт и врски го претвори Штип во едно големо градилиште.

„Доказ за тоа се досега реализираните капитални проекти, преку кои градоначалникот Јорданов манипулира со јавноста и ја извртува вистината во негов препознатлив стил, претставувајќи ги како сво“, рече Трајче Стојчевски од СДСМ.

За потсетување, вели тој, во изминатиот период централната власт инвестираше над 160 милиони денари на територијата на општина Штип во повеќе инфраструктурни проекти.

Кумско – семејни врски во јавни набавки во Штип, таткото на кумашинката на градоначалникот Јорданов, добил тендер од ЈП Исар

Според пишувањата во медиумите на 22 март оваа година Јавното претпријатие Исар од Штип склучува Договор за набавка на стоки со штипската фирма АН-БЛА ДООЕЛ Штип.

Договорот се однесува на набавка на храна за вработените и е на износ од 1 257 900 денари со ДДВ, односно околу 20.000 евра.

Фирмата АН-БЛА ДООЕЛ Штип е во сопственост на Зоранчо Глигоров, а управител, односно директор е неговата сопруга Снежана Глигорова, која се има и потпишано на Договорот со ЈП Исар.

Како и во секоја мала, семејна фирма, очекувано е брачните сопружници заедно да го водат бизнисот, но во овој случај, случајно или не, зет за ќерка во семејството Глигорови е Методи Јорданов, кумашин на градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

Но Методи Јорданов, не е само кумашин на градоначалникот Јорданов, туку тој по смената на локалната власт, од 2021 година станува член на Управниот одбор на ЈП Исар од Штип.

Па така, во март оваа година, фирма чијшто сопственик е тест (дедо) на член на Управен одбор на Јавно претпријатие, добива договор за јавна набавка вреден 20.000 евра од истото Јавно претпријатие или поедноставено, таткото на кумашинката на градоначалникот Јорданов, од општинско јавно претпријатие добива вредна јавна набавка.

Инаку ЈП Исар е најголемото комунално претпријатие во Штип, кое располага и со деловен простор низ градот, а од оваа година значително поскапе дел од услугите кон граѓаните.

Назми Абдурахмани

 

АКТУЕЛНО