Search
Search
ФОТО: Општина Тетово

Општина Тетово: Избран најдобриот математичар во Северна Македонија

Општина Тетово соопшти дека Дрин Имери од Тетово го освоил првото место на државниот натпревар по математика во Северна Македонија. Дрини потекнува од основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово.

„Го имаме најуспешниот математичар во Северна Македонија. Овој пат на државните (републички) натпревари организирани од здружението на математичари на Северна Македонија, ученикот од училиштето “Наим Фрашери”, Дрин Имери го освои првото место. Во име на општина Тетово му честитаме на ученикот Имери за неговиот успех, додека јавно и се заблагодаруваме на наставничката по математика, Арта Халили, за трудот и успехот.

ЧЕСТИТКИ!“ се вели во реакцијата на општина Тетово.

АКТУЕЛНО