Search
Search

Општина Тетово воведува автобуски превоз до Попова Шапка

Општина Тетово воведува автобуски превоз за граѓаните до Попова Шапка за време на деновите од викендите, со цел граѓаните да можат полесно да патуваат до овој туристички центар. Најавуаат дека ќе почне овој викенд, а повратен билет за едно лице ќе чини 200 денари.

-Општина Тетово ги известува сите граѓани и туристи кои сакаат да ја посетат Попова Шапка, дека од овој викенд ќе започне со работа редовната линија за јавен превоз во правец „Тетово – Попова Шапка – Тетово“.Оваа линија ќе биде во функција секоја сабота и недела. Оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец. Ајде да уживаме заедно во убавините на зимскиот центар. Секогаш сме на услуга на граѓаните, се вели во соопштението од Канцеларија за комуникации и односи со јавноста на Општина Тетово.

Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ – Тетово.Од Тетово кон Попова Шапка автобуси ќе тргнуваат во 08:30, 11:00, 14:00 и 17:00 часот, додека за назад кон градот еден час подоца од овие термини.

АКТУЕЛНО