ФОТО: Министерот за надворешни работи Бујар Османи- ФБ профил

Османи утре ќе престојува во работна посета на Италија

Министерот за надворешни работи во техничката Влада, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Италија, каде ќе учествува на средба со министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

На состанокот, Османи ќе се обрати на работната сесија на тема „Заедничка работа за забрзување на евро-интегративниот процес за Западен Балкан”.

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата, Османи ќе има средба и со новите носители на МКарта во Италија.

 

АКТУЕЛНО