Search
Search

Останува старата цена на трошоците за сместување и исхрана во студентските домови

Останува старата цена на трошоците за сместување и исхрана во студентските домови.Нема да се реализира најавеното покачување на цената за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови во Скопје.

Државниот Студентски Дом „Скопје“ на седницата на Управен Одбор, денеска, донесе одлука да нема промена во цената.

Оваа одлука била донесена во координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири, по реакцијата на студентите. Наместо предвидените 3.945 денари, студентите ќе плаќаат 3.645 денари, исто како претходните години.

АКТУЕЛНО