Search
Search

Осветлување има само по улицата на Костовски, се жалат граѓаните на Бутел

Граѓаните во општина Бутел продолжуваат да изразуваат негодување и фрустрации поради недавање на општински услуги, односно како што велат „селективно давање“.

Еден граѓанин објави видео преку социјалните мрежи кое покажува дека дел од уличното осветлување е исклучено, односно дека во некои делови има осветлување во некои не. Тој со кола направи обиколка по општината, каде потенцира дека некаде има, некаде нема осветлување.

Видеото прикажува празни улици со темна околина и истакнува дека уличното осветлување не функционира како што треба. Тој посочува дека населбата на градоначалникот на општината Дарко Костовски има осветлување, а во другите крајеви нема.

„Вечерва 04.11.2023 уличното осветлување се изгасна во 23,оо часот. што мислите, каде живееме… алоооооо плаќаме за тоа осветлување, до каде ќе оди оваа мизерија. за тоа што плаќам сакам да го имам, точка“.

Пред извесно време жителка на Радишани се жалеше дека на враќање од работа, по не знае кој пат се соочила со недостатокот од тротоари низ главната улица на Радишани

„Од краткиот „престој“ низ селската улица, која по ништо не наликува на селска, одевме по многу пристојни тротоари, широки, уредни, чисти, за да стигнеме до главната улица од каде што си одиме дома, а тоа е 4 станици подалеку од нашата, до која би требало да се стигне за десет минути, во нормални услови и околности“, напиша жителката.

Таа понатаму истакна дека на главната улица на населбата Радишани, на која има само делови од тротоари, поради узурпирање од околните градби, во главно куќи, а врз деловите каде што постои тротоар, се паркираат автомобили, редовно, во секое време од денот.

 

АКТУЕЛНО