Search
Search

Отпадот е отстранет, но не и лошата миризба по скопските улици…

Скопје деновиве беше преполно со ѓубре и лоша миризба каде и да стигнете, скопјани на социјалните мрежи објавуваат фотографии како било пред 30 години.

Не дека сега нема пософистицирани средства за да ги добијат услугите што ги плаќаат, но им недостига организацијата што некогаш ја имаше градот.

„Фалат цистерните навечер, кога улиците се миеjа низ населбите, сега дождот ако ги измие тоа е….„ гласи еден од коментарите.

Друг граѓанин коментира дека „Во Скопје порано функсионираше градската чистота, потоа Комуналец. Секоја вечер улиците беа чистени и перени со вода. Ех тоа беа времиња“.

Можеби ѓубрето е собрано и отстрането од скопските улици, но не и лошата миризба и неорганизираноста за која секојдневно зборуват граѓаните.

АКТУЕЛНО