Search
Search

Отворен Балкан не е завршена приказна, кажаа Ковачевски и Рама

Отворен Балкан не е завршена приказна, резултатите се фантастични, рекоа премиерите на Македонија и на Албанија Димитар Ковачевски и Еди Рама на заедничката прес-конференција во македонската Влада. Рама додаде дека против не треба да се биде од некакви историски причини и некогашни крвопролевања во регионот.

„Патриот ја сака својата земја, ама не ѝ посакува зло на друга земја“, нагласи Рама и рече дека е време поттик да се даде на Берлинскиот процес.

„Важно за мене е дека Отворен Балкан покажа дека може да се зголеми значлително обемот на трговијата меѓу нашите држави. На просторот на ЈИЕ има 72 различни иницијативи и драго ми е дека во рамии на Берлинскиот процес иницијативата Отворен Балкан се покажа како многу добра“, рече Ковачевски.

АКТУЕЛНО