Search
Search

Ова мало место во Германија е вистински празничен рај

Кога станува збор за празничен декор Хохшварцвалд, којшто се наоѓа во сојузната германска држава Баден-Виртемберг во југозападна Германија, е еден од најубавите места во светот

Местото е познато по својата прекрасна планинска природа, богатите шуми и големиот број на езера. Некаде во таа магична природа е сместен и бајковитиот божиќен саем којшто е отворен од 24 ноември до 17 декември 2023.

Посетителите таму ќе најдат пријатна домашна атмосфера, пикантни ароми од вкусни јадења, вистински локални деликатеси сместени во дрвени куќарки. На сета оваа снежна бајка печат остава и 40 метарскиот вијадукт којшто е осветлен со сијалички во бои и разните атракции за сите возрасти.

Освен тоа тука ќе најдете и автентични ракотворби коишто се продаваат како сувенири.

Навистина бајковито.

Извор: Fashionel

АКТУЕЛНО