Search
Search
Социјални мрежи

Ова се сите автомобили во Кавадарци во текот на 1931 година

Во Кавадарци 1931 година возеле само 5 автомобили. Сега по 92 години над 17,5 илјади, пишува еден граѓанин на социјалните мрежи.

„Ова е многу ретка, речиси единствена фотографија на која се фотографирани сите автомобили во Кавадарци, снимени од страна на Ило Шкартов во 1931 година. Првата кола од лево е на Милутин Грков, еден од сопствениците на првиот автомобил во овој град“, се вели понатаму.

Граѓанинот истакнува дека по толку години, Кавадарци, сега е град на автомобили. По улиците возат над 17,5 илјади возила.А улиците не се димензионирани за ваков сообраќај.Какво загадување ,врева,безбедносни проблеми имаме, сега се прашања за себе? Некои заборавија да одат пеш.

АКТУЕЛНО