Search
Search

Пациентите со мултипла склероза, остануваат без терапија до крајот на месецот

Пациентите со мултипла склероза се соочуваат со недостаток на лекови веќе втора недела поради доцнење на постапките од тендерот. Иако техничките работи околу тендерот се завршени, според процедурите се очекува терапијата, поточно инекциите „копаксон“, да стигне до крајот на месецот.

-Постапката е во тек, проблемот со доцнењето на тендерот настана поради промена на економскиот директор и ние направивме се што можеме да ја забрзаме процедурата. Нема потреба за грижа, тоа е хронична терапија и не би требало пацинетите да имаат последици, ќе ја добијат потребната терапија најдоцна до крајот на март” вели директорот на неврологија Висар Мифтари во изјава за Градска.мк.

Но немањето на лекови не е единствениот проблем со кој се соочуваат овие лица. Тие се приморани да патуваат стотици километри да го добијат овој лек кој го има само на клинката за Неврологија во Скопје.

Доцнењето на терапии поради тендерски процедури е проблем заради кој Здруженијата на пациенти бараат нешто да се смени во ситемот на набавки. Најпогодени се пацинетите со ретки болести.

Со мултипла склероза секоја година се дијагностицираат нови од 90 до 120 пациенти. Станува збор за хронична и прогресивна болест на централниот нервен систем. Во Македонија боледуваат околу 1.500 луѓе. Повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 години, и за околу два-три пати почесто се дијагностицираат кај жените во однос на мажите. Причината за МС сѐ уште не е позната и до сега не постои лек, но постојат лекови кои можат да им помогнат на овие лица и да ја стават болеста под контрола.

 

АКТУЕЛНО