Папата Франциско предупреди на перверзните опасности кои доаѓаат од вештачката интелигенција и го повторил повикот за нејзина регулација на светско ниво.
Тој тоа го кажал по повод Денот на социјалните комуникации на Римокатоличката црква и признал дека и самиот бил жртва на монтирани фотографии, создадени со помош на вештачката интелигенција, пренесува „Reuters“.
Поглаварот на Римокатоличката црква исто така зборувал за „когнитивното загадување“ кое може да ја искриви реалноста, да промовира лажни наративи и да ги затвори луѓето во идеолошки ехо комори.
Франциско минатата година бил субјект на модифицирани фотографии во кои е прикажан како носи „puffer“ капут.
Тој исто така зборувал за опасноста од вештачката интелигенција во медиумите, посебно за известувањето за војни, додавајќи дека „AI“ мора да ја поддржи, а не да ја елиминира улогата на новинарите.