Search
Search

Папата повика на меѓународен договор за регулирање на вештачката интелигенција

Поглаварот на Римокатоличката црква, кој често ја критикува индустријата за производство на оружје, предупреди и на користењето на вештачката интелигенција во таа индустрија. Папата Фрањо повика на правно обврзувачки меѓународен договор за регулирање на вештачката интелигенција.

Папата во порака со назив „Вештачката интелигенција и мирот“ , a по повод Светскиот ден на мирот на Римокатоличката црква, кој се одбележува на 1 јануари, наведе дека глобалните размери на користење на вештачката интелигенција јасно покажуваат дека покрај одговорноста на суверените држави интерно да ја регулираат нејзината употреба, меѓународната организација може да играат битна улога во постигнувањето мултилатерални договори за координирање на нејзината примена и спроведување.

„Ја повикувам глобалната заедница да работи заедно за да биде усвоен меѓународен договор кој го регулира развојот и користењето на вештачката интелигенција“ рече папата.

Според него, истражувањата на новите технологии на полето на т.н. смртоносен автономен систем за оружје докажуваат дека постои причина за голема загриженост.

АКТУЕЛНО