Search
Search

Паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ со летно работно време

Од утре започнува летното работно време на паркиралиштата во надлежност на ЈП „Градски паркинг“.

Во зоните А, Б, Ц и Д, наплатата ќе се врши два часа подолго, односно работното време од понеделник до сабота ќе биде од 7 до 23 часот, наместо до 21 часот како во изминатите шест месеци.

Потенцираме дека корисниците на јавните паркиралишта треба да ги запазат промените, односно плаќањето за паркирање да се извршува во наведеното време, со цел да не дојде до непотребна санкција – предупредуваат од „Градски паркинг“.

АКТУЕЛНО