Search
Search

Паркот во Чаир „окупиран“ со ѓубре

Паркот во Чаир, еден од најпосетуваните места за релаксација во градот, се среќава со жалосна слика – изобилство на ѓубре.

Жители и посетители беа шокирани кога забележаа дека паркот е исполнет со отпадоци и ѓубре.

Граѓаните изразуваат разочарување поради неконтролираниот отпад и ги повикуваат надлежните за побрзи акции за чистење и подобрување на состојбата.

Локалните власти се повикуваат на акција за подобрување на состојбата во паркот и подигнување на свеста за заштита на природата и чистотата на јавните простори.

„Жалосно. Луѓе без култура, а потоа ги обвинуваме градоначалниците„ пишува еден граѓанин во објавата на фејсбук страната на „Сакаме чист Чаир“.

Друг граѓанин вели „и куќата ако не се чисти два пати на ден вака ќе изгледа„ алудирајќи на нечистотата.

Н. А.

АКТУЕЛНО