Пејачот Амар Исмани е убиениот во претстрелката на пластичарска, ранети уште две лица

Едно лице загина ,а две се ранети во престрелката со огнено оружје која синоќа околу полноќ се случи на булеварот „Никола Карев“, познат како пластичарска,потврди МВР.

Лицето кое почина е 29 годишениот скопјанец, пејачот Амар Исмани, кој заедно со уште едно лице на 19 годишна возраст, исто така од Скопје биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ .

По укажаната помош 29 годишниот Исмани кој бил примен во тешка состојба им подлегнал на повредите.

На вооружената престрелка со смртни последици и претходела масовна тепачка.

-Според соопштението на МВР, на 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање, информираат од МВР. во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави