Search
Search

Печките на дрва го трујат воздухот- само во Скопје има 70.000 оџаци, а оптималната бројка е 10.000 за да има драстично намалување на загаденоста

На првиот ден од годината, кога сообраќајот беше намален, а индустриските капацитети не работеа, мерните станици во Велес, Кавадарци и Кисела Вода покажаа високи концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички.

Најновите податоци од Министерството за животна средина покажаа дека дури 45% од аерозагадувањето го предизвикуваат домаќинствата кои се греат на влажни дрва и производи од обоено дрво, но според експертите, проблемот не го предизвикува само дрвото како гориво, туку и старите, дотраени печки за тој тип на огрев.

Цврстите горива емитираат поголема емисија на штетни честички и ако нема контролирано согорување со филтри какви што имаат најголем дел од индустриските објекти, печките на дрво со стари горилници испуштаат огромни количини на суспендирани честички кои продираат длабоко во респираторниот систем на луѓето.

Според публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“ 62 отсто од вкупниот број домаќинства во земјава користат огревно дрво како примарен извор на енергија.

Просечно македонско домаќинство годишно користи од три до 10 кубни метри огревно дрво за загревање.

Само во Скопје има 70.000 оџаци, а оптималната бројка е 10.000 за да има драстично намалување на загаденоста, сметаат експертите.

АКТУЕЛНО