Search
Search
Фото: Б. Грданоски

Пендаровски: Државата мора да остане на евроинтегративниот пат без разлика кој ќе биде на власт по изборите во 2024

Државата мора да остане на патот на европските интеграции без оглед на тоа која извршна власт ќе раководи по изборите во мај 2024-та и какви ќе бидат раздвижувањата по изборите за Европскиот Парламент и претседателските избори во САД, порача денеска шефот на државата Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието.

Пендаровски, кој истакна дека му претставува особена чест по петти пат во законодавниот дом да ѝ се обрати на македонската јавност, сега за последен пат во овој мандат како претседател, говореше на повеќе теми, а акцент меѓу другото стави на евроинтегративниот процес на земјава, особено по последниот самит на ЕУ, на кој не беше донесена одлука за практичен почеток на преговорите, поради неусвоените уставни измени.

Претседателот на државата нагласи дека евентуалното забавување, уште повеќе, како, што посочи, целосното запирање на европските интеграции нема да се одрази добро врз ниту една сфера од општественото живеење, почнувајќи од економијата, па, сѐ до меѓуетничките односи.

-Ентузијазмот меѓу граѓаните за членство во Унијата драматично опаѓа, се наоѓаме на критична точка и ова е последната шанса да ја сочуваме мнозинската поддршка за преговорите кои секогаш имаат неутрализирачки ефект наспроти структурите кои сакаат да ја поткопаат демократијата. Последните одлуки на Европскиот совет, за жал, го потврдија песимистичкото сценарио за Западниот Балкан, кое некои дипломатски кругови го најавуваа од почетокот на војната во Украина. Неспорно е дека ние не ја завршивме нашата домашна задача во однос на преземените обврски, но, тешко е да се пронајде логика и во последните одлуки на Брисел со кој практично беше целосно заобиколен регионот, што сигурно дополнително ќе придонесе за опаѓање на атрактивноста на проектот наречен „Обединета Европа“. Изјавата дека ќе биде геополитичка катастрофа ако Украина и Молдавија добијат приоритет во однос на Балканот не е моја, ниту на некој македонски политичар, туку на австрискиот министер за надворешни работи во која се содржани сите наши фрустрации и изневерена надеж, рече Пендаровски.

Во однос на уставните промени, шефот на државата нагласи дека идниот собраниски состав ќе мора да ја продолжи дебатата врз реални основи и со далеку почесен однос кон македонската јавност.

-Кристално јасно е дека Европската рамка не може да се промени на подобро, ниту билатералниот договор со Бугарија, независно кој е на власт во Брисел или во Софија, порача претседателот на државата.

Во тој контекст го спомена Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, на кој, како што рече, како член на македонската делегација, директно сведочел за пропуштената историска прилика, поради национално неединство и ситни партиски калкулации.

-Десет години потоа, прифативме многу полош предлог, а, севкупно, изгубивме 12 години надвор од Алијансата. Не верувам дека историјата се повторува во идентични циклуси, меѓутоа, постојат сличности со тоа време во домашниот политички амбиент, при што, како и тогаш, некои мислат дека Европа и светот ќе чекаат на нас. Се разбира, политички е сосема легитимно да бидете против европската преговарачка рамка, но, политички е доблесно, исто така, да признаете дека постои огромна разлика помеѓу она што

 

 

 

АКТУЕЛНО