Search
Search

Пендаровски се откажа од претседателската пензија

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од дел од државните бенефиции – нема да зема претседателска пензија и ќе се врати на професорската кариера во Американ колеџ. Вакво ветување тој даде уште кога беше избран за претседател пред пет години.

Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки коишто ги прават.

Но, на Пендаровски и во иднина ќе му биде потребна административната и логистичката поддршка, за време на средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции. Поради тоа ќе се бара од државните институции повремено да се користи канцеларија.

Но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, тој најавува дека во иднина ќе го искористи правото да се отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство Пендаровски би можел да користи низа бенефиции како пензија и канцелариски простор со најмногу до тројца стручни соработници, право на лично обезбедување, како и користење на службено возило и возач. Ваквите права ги користат поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.

 

 

АКТУЕЛНО