Search
Search

Пет тинејџер(к)и утрово завршиле во скопските болници откако со „порше“ излетале од коловоз

Тинејџер(к)и утрово завршиле во скопските болници откако со „порше“ излетале од колововозот на подрачјето после Транспортниот центар кон Аеродром на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров” и ул.„Венијамин Мачуковски” соопшти МВР.

-Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров” и ул.„Венијамин Мачуковски” патничко моторно возило „порше” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

АКТУЕЛНО