Search
Search

Петличковски: Во октомври откриени 4 нови ХИВ позитивни, меѓу кои само една жена

Први декември, Светски ден за борба против сида. Александар Петличковски, претседател на Комисија за заразни болести во емисијата „Слободен Печат“ на Слободна ТВ вели дека за разлика од пред десетина години животот на ХИВ позитивни во државава е многу подобрен. Има достапна терапија, а лицата живеат сосем нормален живот.

– Во октомври откриени се 4 лица ХИВ позитивни со тестирање, од кои тројца се мажи. Според бројките во државава има 631 лице регистрирано, 125 се починати, останатите 506 се живи. Бројката не е изненадувачка. Тестирањата се достапни, одат редовно заедно со кампања, некогаш има повеќе регистрирани, некогаш помалку во зависност од бројот на тестовите- вели Петличковски.

Тој потенцира дека животот на ХИВ позитивните луѓе во државата е многу различен денес од пред дестет години, бидејќи антиретровирусната терапија денес е на располагање и се користи, многу е ефикасна и во најголем број случаи води до негативизација на вирусот.

 

-Терапијата го елиминира вирусот од циркулацијата и овие луѓе не се заразни за околината и водат нормален живот. Во државава има 506 луѓе кои живеат со овој вирус, државата добро се справува со сидата. Кога се тестираат со симтоми болеста е во поодмината фаза. Постои стигма се уште околу тестирањата. Целта е ризичните групи да имаат пристап до тестови за полесно да се откријат позитивните и да се почне на време со терапија- вели Петличковски.

 

 
 

АКТУЕЛНО