Search
Search

Петров: Нас ни треба да договориме систем на европски вредности, а нема посилна гаранција во тоа од Европската Унија

„Ние имаме институции кои се такви какви што се, разјадени од партиски влијанија во овие триесет години. Секоја нова промена во било кои институции доведуваше до тоа системот да се руши однатре. Нас ни треба да договориме систем на европски вредности, а нема посилна гаранција во тоа од Европската Унија“, истакна Андреј Петров, член на ИО на СДСМ.

Тој додаде дека не значи дека не треба ништо да се прави и да се чека ЕУ со магично стапче да ни ги реши проблемите.
„Минатата година е година со најголеми странски инвестиции во историјата на Македонија. 750 милиони евра директни странски инвестиции. Во најдобрата ера во времето на Груевски тоа беше половина од тоа“, потенцираше Петров.

Тој заклучи дека она што треба да се разбере е дека она што се смета за проблематично во општеството, како на пример, здравство, судство и криминал ќе се подобри и реше доколку стоиме на страната на ЕУ.

АКТУЕЛНО