Search
Search
фото Министерство за одбрана

Петровска: Над 30 компании од земјава имаат сертификат за учество на НАТО пазарот

„Министерството за одбрана го менаџира процесот на добивање на сертификат кој е потврда дека компанијата е способна и може да учествува на НАТО пазарот. Изминатава година бројот на компании се зголемува и ние сакаме да работиме освен на зголемување на бројот и на тоа да ги подучиме компаниите и да им дадеме совети како полесно да ги детектираат набавките, да аплицираат и да ги добијат“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Клик плус“ на ТВ21.

Таа додаде дека во овој момент над 30 компании имаат добиено ваков сертификат и дека се прават чекор иза олеснување и забрзување на процесот.

„Имаме соработка со Стопанската комора и со луѓето кои се најзасегнати за да се направи план со реални чекори како оваа придобивка од НАТО членството да се приближи“ рече Петровска.

Министерката објасни дека НАТО освен што е голем безбедносен чадор нуди и многу можности за компаниите и за младите кои сакаат доедуакација.
Петровска: Северна Македонија е во првите пет земји по донирана опрема на Украина сметано по глава на жител

„Нашата држава се вбројува меѓу првите пет земји од НАТО алијансата, по глава на жител, кои донирале опрема и вооружување на Украина. Околу 16 отсто од буџетот за тековната година е вкупната сума на донирани средства, што е голема бројка“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Клик плус“ на ТВ21.

Таа додаде дека два аспекта се клучни за донирањето, прво е опремата да ѝ биде потребна на Украина, а второто е донирањето да не ја нарушува безбедностната готовност на Армијата.

„Барањата се доставуваат директно од украинската страна, преку нивната амбасада. Тие се класифицирани, а во моментов се прави анализа што понатаму може да донираме врз основа на нивното последно барање“ рече Петровска.

АКТУЕЛНО