Питу Гули, Браќата Манаки, Михајло Пупин – Кои се најпознатите Власи на Балканот?

Националниот ден на Власите е национален празник на Власите, етничка група што живее на Балканскиот Полуостров, поточно во Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија и во Србија. Се одбележува на 23 мај затоа што на овој ден османлискиот султан Абдул Хамид Втори го објавил т.н. влашки милет, но официјално Власите за посебен милет (народ) биле признаени еден ден порано, односно на 22 мај 1905 година. Оттука, еден дел од влашката народност всушност го одбележува 22 Мај како национален ден. Поради важноста на самото признание, празникот понекогаш се слави на 22 мај.

Овој ден се совпаѓа со денот на годишнината од тогашната романска декларација за независност. Според еден дел од историчарите, создавањето на влашкиот милет било постигнато со помош на Романија и надворешни сили, особено Австро-Унгарија и Германската Империја, односно Власите добиле право на свои цркви и да имаат поголема автономија во образованието, меѓутоа Власите и понатаму биле под јурисдикција на Цариградската патријаршија, односно немале сопствена црква во Османлиската Империја.

Според историчарот проф. д-р Никола Минов, признавањето на влашкиот милет бил дипломатски пораз за Грција, поради што прогрчките Власи одбивале да го прослават денот, кој симболизира пораз на нивната перципирана „татковина“. Друга причина веројатно била фактот дека влашкиот милет бил основан од османлиски султан, поради што неговиот збор не бил широко прифатен или почитуван поради лошите односи меѓу Грција и Турција.

Во Македонија, празникот е познат како Национален ден на Власите, односно е официјален државен празник во Македонија од 2007 година и неработен ден за македонските граѓани од влашка етничка припадност според закон од 2007 година издаден од Министерството за труд и социјална политика на Македонија.

Историја на Власите

Вистинското име на овој народ е Аромaни … но во ралични држави носат и ралични имиња како Власи (Македонија) Влахико и Куцо Влахи (Грција) Цинцари (во Србија и поранешните југословенски простори) … Има една посебна група која се нарекува Фаршероти (оваа група во 1900 година во Њујорк го основа и првото посебно здружение на Власи).

Со оглед на тоа дека Власите денес немаат своја држава, тие се здружени во Светската лига на Власите со седиште во Париз.

За нивното потекло има повеќе тези. Некои истражувачи велат дека Власите се остатоци од Ромеите, односно потомци на Римјаните, а други, пак, сметаат дека Власите се потомци на Трако-Илирите, Епирците или Тесалијци‎те, но сепак без сомнение е тезата дека тие се староседелско население на Балканскиот Полуостров. Власите зборуваат на влашки јазик, кој е доста близок со италијанскиот јазик и романскиот јазик, а и со албанскиот, а има и поголемо влијание од грчкиот јазик.

Во почетокот на 14 век, Власите како еден од најбогатите балкански народи го формирале градот Москополе во кој постоела „Нова Академија“, првата академија на Балканот, повеќе од 70 цркви и училишта како и печатница. Подоцна Москополе било разурнато од албанските банди, по што голем бран Власи здружени со Власите од околината на планината Грамошта се населиле во Македонија (Крушево, Осоговските Планини, Овче Поле, Штипско итн.).

Познати влашки племиња се: Власи Каракачани (во Македонија, Грција и Бугарија), Краински Власи (во Србија), Истарски Власи (во Хрватска), Мегленски Власи (во Мегленската Котлина во Егејска Македонија – Грција) итн.

Главна стопанска гранка на Власите во историјата била трговијата во повекето поголеми градови на Балканот од Каиро (Eгипет) па Атина, Солун, Битола, Дубровник, Белград, Виена, Будиmпешта и Букурешт. Најголем трговски центар во 17, 18 и 19 век бил Москополе блиску до Корча, денешна Албанија. Овој трговски град во тоа време имал 50.000 жители, многу мали работилници и фабрики, а имаl и млековод од планината до пазарите каде се прoдавало млекото“, вели Зиков.

Откако Али Паша Јанински до темел го изгорел градот, Власите од овој град доживеале егзодус и се раселиле насекаде. Еден добар дел во Далмација (Дубровник, Сплит до Истра) еден дел во денешна Република Македонија (Крушево) а еден дел во Виена и Белград.

Познат е на пример Баронот Сима во Виена кој бил голем донатор и филантроп. Тој бил главен финансиер на најубавиот мост во Будимпешта, денеска главната туристичка атракција … Во Виена познат Влав е еден од најголемите диригенти на 20 век Херберт Вон Карајан (роден Карајанис) чиј дедо потекнува од Гревена (Грамос) денес во Грција.

„Во Грција познати Власи се фамилијата основачи на светскиот бренд „Булгари“ кои во средината на 18 век од селото Невеска во Грција се исселуваат во Италија и понатаму за нив е се познато… Светски позната компанијата „Булгари“ е основана од Сотир Булгари, роден во Епир во Јанина каде го отвориле првиот дуќан за накит. Преку Крф се иселуваат во Неапол, па во Рим.

Исто така Стелиос Пападимитриу е познат Влав во Грција кој е човекот од најголема доверба и адвокат на легендарниот бродски магнат Аристотел Оназис. Тој бил почесен претседател на Фондацијата Оназис и човекот преку кој одело извршувањето на тестаментот на Оназис.Во бизнисот и во политиката во Грција Власите се длабоко инволвирани. Основачот на Нова Демократија, Георгиос Авероф е Влав. Видни членови во ПАСОК, Нова Демократија и СИРИЗА се Власи.

Влав е и Рига од Фера еден од најголемите историски ликови во Грција од поново време. Тој се залагал за обединување на целиот Балкан во една држава. Негово мото е дека Балканот е премногу мал за во него да има толку многу и раскарани држави …

Од личностите што нам ни се познати а се Власи  се Бранислав Нушиќ (еден од најголемите српски писатели и драматурзи) Милтон и Јанаки Манаки првите сниматели на Балканот кои долго жовееле во Битола. Поранешниот  градоначалникот на Солун, Јаниз Бутарис е Влав чија мајка е од Крушево. 

Никола Пашиќ најголемиот српски премиер во поновата историја на Србија е Влав со потекло од Македонија и Албанија.

Михајло Пупин, еден од најголемите научници и пронаоѓачи на Балканот, светски признат, е со влашко потекло од Москополе. Неговите родители се доселиле во селото Горна Белица и Вевчани а потоа во Нови Сад. Михајло Пупин бил и еден од главните советници на америкаснкиот претседател Вудро Вилсон. Во времето на овој претседател кое се поклопува со поделбите на Македонија вп 1912 и 1913 година, Белата куќа има издадено соопштение дека САД не сакаат да видат поделена Македонија. Се смета дека голема заслуга за овој американски став имал Михајло Пупин. Кога сме кај САД треба да се спомене дека од овие балкански краеви свое влашко потекло имаше и Мајкл Дукакис еден од против-кандидатите на Бил Клинтон за избор на претседател.
Фило Филота бил адвокат на Тито. Денес еден од најголемите адвокати во Србија, роден во Битола, е Тома Фила, син на Фило Филота.

Во Македонија познати Власи биле на клучни места во пoновата историја. Вангел Дину бил премиер на Крушевската Република, а Питу Гули еден од најпознатите револуционери.

Што напиша австрискиот магазин „Космо“

Поп-ѕвездите Калиопи и Тоше Проески, заедно со македонскиот револуционер Питу Гули, и браќата Манаки се претставени како дел од најпознатите Власи на Балканот, во австрискиот магазин „Космо“.

 

Тодор Тоше Проески беше горд на своето Крушево

 

Познати музичари, политичари, научници, бизнисмени се во изборот за магазинот, кој ја раскажува историјата на Власите на Јужниот Балкан, народ кој живее во голем број држави во регионот.

 

Поп-ѕвездата Калиопи е по потекло од Кичево

 

 

Андреи Сагуна, романски православен Метрополит е првиот пример на „Космо“ за најпознати Власи кои живеат на Балканот. Следат: Елена Георге, позната пејачка која во 2009 година ја претставуваше Романија ја „Евровизија“, Евангелос Аверлоф, покоен грчки политичар и автор на повеќе книги, пионерите на фотографијата и кинематографијата, браќата Манаки, српскиот математичар Јован Карамата, Калиопи- македонска пејачка, Никола Пашиќ, српски политичар и државник, поранешен премиер на Кралството Србија, Атинагора Константинополски, патријарх на Константинопол до 1972 година, Питу Гули-револуционер, романската тенисерка Симона Халеп, покојниот пејач Тоше Проески и уште неколку други.

 

Револуционерот Питу Гули е дел од најпознатите Власи на Балканот

 

„Ароманците претставуваат етничка група на јужниот Балкан, која живее во голем број држави во регионот. Но од каде доаѓаат и зошто има толку многу имиња? Ако побарате податоци за потеклото на својот народ, тогаш ќе слушнете стотина различни приказни во кои научниците сè уште не сосема се согласуваат. Некои теории се однесуваат на оваа етничка група како потомци на романизираните Тракијци или римски колонисти. Во текот на историјата, припадниците на романската етничка група се меѓу највлијателните и најзначајните историски личности на Балканот. Без разлика дали во науката, политиката, уметноста или во други области, речиси секоја од балканските земји има големо влашко влијание во својата историја“, стои во текстот на австрискиот магазин „Космо“.

 

 

Пионерите на фотографијата и кинематографијата, браќата Манаки

 

Тоше Проески, (1981- 2007), најпопуларниот македонски пејач на сите времиња со регионална кариера е по потекло од Крушево. Поп-ѕвездата Калиопи која два пати ја претставуваше Македонија на „Евросонг“ и е позната во целиот регион е родена во Кичево.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави