Search
Search

Планина од ѓубре на влезот кај „Џевахир скај сити“, што прави Муцунски?

Остри критики доаѓаат од жителите на Аеродром поради отпадот кој се исфрла непосредно до комплексот згради „Џевахир скај сити“. Од фотографиите кои ги споделуваат се гледа куп смет, картони, пластика.

„Планина од ѓубре на влезот кај ‘Џевахир скај сити’, надлежните спијат“, реагира граѓанин.

Пред неполн месец Градска.мк исто така пишуваше дека општина Аеродром се дави во ѓубре, со фотографии од неиспразенети контејнери, за кои од „Комунална хигиена“ имаа реакција дека тоа е надлежност на општината, и дека тие редовно ги празнат нивните контејнери.

Според коментарите на граѓаните јавните површини низ општина Аеродром никогаш не биле позапуштени, при што низ цела општина се гледаат фрлени гранки, купови од лисја и кабаст отпад кој се одложува до контејнерите. Градоначалникот Тимчо Муцунски иако ветуваше дека тој проблем итно ќе се реши, не успеа да се справи со истиот.

Во мај минатата година Муцунски склучи договор со на една година со фирмата ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС во вредност од околу 335.000 евра за одржување на јавни зелени површини, одржување на хигиена на јавни површини и други комунални услуги.

Исто така имаше обвинувања од граѓаните дека компанијата ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС не само што не одржува хигиена во општината туку дел од сметот што го собрала, го одложувала на зелена површина, до кејот на Вардар, наместо во Дрисла. На самото место била забележана од инспекторите на град Скопје за што е пишана казна во висина од 88000 евра која треба да ја плати општината, односно граѓаните на Аеродром.


Аеродром се дави во ѓубре, Муцунски „џабе“ ангажира фирма за 350.000 евра да ја чисти општината

 

 

АКТУЕЛНО