Search
Search

Платил за бугарски пасош, останал и без пари ама и без документи

Дваесет и петгодишен жител на тетовско село, вчера во 12 часот во СВР Тетово пријавил дека во 2022 година, женско лице од Кочани, со кое претходно стапил во контакт, му ветило дека ќе му обезбеди бугарски документи, а за возврат тој и платил одреден паричен надомест.

Откако не ги добил документите сватил дека е измамен и случајот го пријавил во полиција. Од МВР велат дека го расчистуваат и го документираат случајот.

АКТУЕЛНО