Search
Search
Градска редакција

По објавата на Градска.мк „никна“ една чешма во центарот на Скопје

По објавувањето на анкетата на Градска.мк каде граѓаните и туристите се пожалија дека во овие летни денови нема јавни чешми за освежување, поставена е една  среде Центарот на градот.

Во близина на споменикот на „Гоце Делчев“ на плоштадот „Македонија“, камерата на редакцијата на Градска.мк „улови“ чешма поставена за ова цел, од која сега граѓаните ќе можат да се освежат.

Градска редакција

Овој чин ќе им овозможи на луѓето да се освежат и хидриратат, особено во топлите летни денови. Исто така, ова може да биде и симболичен чин кој ќе ја прикаже грижата на градските власти за благосостојбата на своите жители и јавниот простор.

За граѓаните и туристите кои го посетуваа градот проблем им беше немањето доволно јавни чешми за да напијат капка вода и да се освежат.

Градска редакција реализираше анкета во главниот град и ги праша дали знаат каде може да има поставено јавни чешми во околината на „Плоштад Македонија„?

Одговорите беа идентични, не знаат каде има чешми и според нив најдобро решение е да се понесе со себе шише со вода од дома. Според нив порано имаше повеќе чешми поставени низ градот, но сега не.

Н. Абдурахмани

АКТУЕЛНО