Search
Search

По петти пат ќе се прска против комарци во Скопје

Град Скопје известува дека во деновите од 11 до 15.09.2023 година на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција (петта фаза) против возрасни форми на комарци.

Прскањето од земја ќе се врши во периодот од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини, известуваат од Град Скопје.

АКТУЕЛНО