Search
Search

По суспензијата од Европската асоцијација поради неодговорност, скопската зоолошка градина ги губи сите фондови и помош

Суспензија од Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми за скопската зоолошка градина, вистина или шпекулација? Актуалниот директор, Зоран Попов без официјален коментар.

Зоолошката градина е кандидат од 2007 година, а додека беше директор Ѓорѓи Галетановски се дојде до последниот закажан скрининг и не е запознаен подоцна што се случило. Исфрлањето од „трката“, односно член-кандидат, значи дека не може да се аплицира во наредните наредните пет-осум години.

Галетановски, тврди дека оној што е на позиција-директор е во постојан контакт со властите на ЕАЗА во Холандија. Истакнува дека додека тој бил директор се санирало она што било потребно. Требало само да се продолжи и доработи на некои услови. Тој е оптимист и вели дека мора постои опција за побрзо да се вратиме, а објаснува и кои се правилата на ЕАЗА.

Доколку влезевме во ЕЗСА, со тоа се добива и финансиска поддршка како и развој на Зоолошката градина. Од Град Скопје молк.

По оставката на Ѓорѓи Галетановски во 2021, на директорската позиција од страна на Град Скопје беше назначен  Кристијан Стаменов, по немилите случување во скопската зоолошка градина на позицијата директор дојде Драган Илиевски, а на почетокот на оваа година на оваа позиција дојде Зоран Попов.

Зоолошката градина е формирана во 1926 година од страна на тричлена комисија, а во 1965 година, со решение на Градското собрание, го добива денешниот изглед.

Извор: тв 24

 

АКТУЕЛНО