epa11444703 Legislative election posters on billboards, including French member of parliament and previous candidate for French presidential election Marine Le Pen (L) and Leader of the French extreme right party Rassemblement National (RN, National Front) Jordan Bardella (2-L), outside of polling station in Malakoff, near Paris, France, 29 June 2024. The upcoming snap legislative election in France takes place on 30 June and 07 July. EPA-EFE/Mohammed Badra

Победа на екстремната десница, голем пораз за Макрон, левицата итно подготвува нов план

Откако излезните анкети покажаа дека екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Лепен постигна историска победа во првиот круг од парламентарните избори, Ројтерс ги презентира можните сценарија за вториот круг од изборите во Франција, на 7 јули.

Како функционира тоа?

Изборите за 577 пратенички места во Националното собрание на Франција се одвиваат во два круга. Право на глас имаат 49 милиони гласачи.

Во изборните единици каде што ниту еден кандидат не победил целосно во првиот круг, во вториот круг одат првите двајца кандидати, како и секој кандидат со над 12,5 отсто од вкупниот број запишани избирачи во таа изборна единица.

Оној што ќе добие најмногу гласови во вториот круг, ќе го добие местото.

Високиот одѕив во првиот круг значи дека околу 300 изборни единици сега се соочуваат со потенцијален втор круг со по тројца кандидати, што, теоретски, е во корист на Национален собир.

За да ги спречат овие тројни трки и да го блокираат Национален собир, француските централно-десничарски и централно-левичарски политичари претходно практикуваа „републикански фронт“, при што третопласираниот кандидат се откажува од трката и ги повикува гласачите да застанат зад второпласираниот кандидат.

Сите кандидати имаат рок до вторник навечер да одлучат дали ќе се повлечат или ќе излезат во вториот круг.

Како изгледа ситуацијата овој пат?

Голем број политички лидери дадоа насоки за кандидатите и гласачите во првиот круг.

Претседателот Емануел Макрон повика на „широка коалиција на републиканските и демократските кандидати“ за вториот круг, што во суштина значи таргетирање на крајнодесничарскиот Национален собир и левичарската партија Непокорена Франција.

Поранешниот премиер Едуар Филип конкретно ги повика кандидатите од својата партија да се откажат ако се на третото место и да се соберат зад кандидатите од левиот до десниот центар, со исклучок на Национален собир и Непокорена Франција.

Социјалистите и Непокорена Франција ги повикаа своите третопласирани кандидати да се откажат од трката за блокирање на партијата на Марин Лепен.

Што е следно?

Ефективноста на „републиканскиот фронт“ ослабе со текот на годините, а многу гласачи повеќе не ги слушаат советите на партиските лидери.

Исто така, можно е кандидатите да одбијат да се откажат од вториот круг и покрај инструкциите од политичкиот центар во Париз.

Но преговорите во следните 48 часа ќе бидат клучни и би можеле значително да ги променат резултатите, потенцијално одлучувајќи дали партијата на Марин Лепен ќе освои целосно мнозинство во парламентот или не.

Затоа, резултатот од вториот круг е исклучително тешко да се предвиди. Дури и анкетните агенции повикаа на претпазливост кога станува збор за нивните проекции за освоените позиции.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави