Search
Search

Почина Југослав Тодоровски, поранешен градоначалник на Скопје

По тешко боледување вчера почина Југослав Тодоровски, поранешен градоначалник на град Скопје.

Тодоровски на оваа функција беше од 1986 до 1991 година, по неколку претходни државни функции.

Професионалната кариера како градежен инжиенер ја започна и заврши во ГД Гранит од Скопје, како негов втор човерк. Остави белег во градежната фела, политиката и друштвото како умерен и мудар човек, кој остана ценет и без дамка на образот, вели неговиот син.

Погребот ќе се одржи на градските гробишта во Бутел во Скопје во петок, а последен поздрав и почит ќе може да му се оддаде во Капелата, од 11 до 12 часот.

АКТУЕЛНО