Search
Search

Почина двегодишно девојче од Кичево во болница – таткото ја претепал

После 22 дена борба за живот, во болница починало двегодишно девојче од Кичево. Полицијата го сомничи триесетгодишниот нејзин татко Ф.Д. дека ја претепал по што таа од повредите починала.

Полицијата го лишила од слобода Ф.Д. вчера. Тој се сомничи дека на 18 декември во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка која била пренесена за болничка помош во болницата во Кичево, а потоа во Клинички центар во Скопје каде на 8 јануари починала.

Против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава во координација со јавен обвинител.

Извор:СП

АКТУЕЛНО