Search
Search

Почина нобеловецот Ферид Мурад

Ферид Мурад, албанскиот нобеловец од Северна Македонија, почина на 87-годишна возраст. Тој живеел и дејствувал во САД, а предавал на најеминентните универзитети во Америка и пошироко. Во 1998 година, заедно со двајца колеги, ја доби Нобеловата награда за физиологија/медицина за откритија во врска со улогата на азотен оксид во кардиоваскуларниот систем.

Доктор Ферид Мурад е роден 1936 година во американската држава Индијана како дете на ислеленикот од гостиварска Лакавица, Џабир Мурад Ејупи и мајка Хенриета Џозефина Боумен, Американка. Неговите студии се фокусирани на ефектот на нитроглицеринот врз човечкото тело. Тој со години работел на оваа тема со Роберт Фурчгот и Луис Игнаро.

Тројцата заеднички ја добија Нобеловата награда во 1998 година. Во раните 1970-ти, Ферид Муради почнал да ја истражува улогата на азотен оксид во кардиоваскуларниот систем и открил дека тој игра суштинска улога во релаксирање на крвните садови и подобрување на циркулацијата на крвта.

Лекот беше патентиран во 1996 година, одобрен за употреба за еректилна дисфункција од страна на Администрацијата за храна и лекови на 27 март 1998 година, со што стана првата пилула за лекување на еректилна дисфункција во САД и беше пуштена во продажба веднаш во 1998 година.

Мурад е награден со титулата „Почесен доктор“ од многу универзитети и престижни меѓународни образовно-научни институции. Исто така, ја има титулата „Doctor Honoris Causa“ од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Таткото на Мурад е од Македонија. За време на доделувањето, тој самиот кажал дека татко му е од гостиварско село и дека емигрирал во Америка во раните 1900-ти.

Нобеловецот Мурад пред 5 години по трети пат го посети Гостивар откако пред две децении првпат дојде во родниот крај на неговиот татко и се запозна со поблиските роднини. Вториот пат дојде кога во негова чест гостиварската болница беше именувана според него.

Ферид Мурад претходно беше прогласен за почесен професор на универзитетот „Мајка Тереза“ и доктор на науки. Такво признание му беше доделено и на Тетовскиот универзитет. Во скопската општина Чаир една улица го носи неговото име.

 

АКТУЕЛНО