Почнува расправата за ребалансот на буџетот: Повисоки трошоци и дефицит има ли надеж за економска стабилност?

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска, започна расправата за ребаланс на државниот буџет за тековната година. Предложениот ребаланс предвидува зголемување на вкупните трошоци на државата за 300 милиони евра, со што буџетот се зголемува на 5,89 милијарди евра. Ова зголемување го доведува дефицитот на 720 милиони евра, во споредба со претходните 585 милиони.

Дополнително, предвидено е зголемување на приходите за околу 130 милиони евра, иако се очекува надолна ревизија на економскиот раст од претходно проектираните 3,4% на само 2,1% од бруто домашниот производ (БДП). Средствата од ребалансот се наменети за покривање на повисоки издатоци за пензии, исплата на плати, тековни трошоци и финансирање на инвестиции.

Исто така, се посочува дека реализацијата на капиталните инвестиции сè уште е далеку од планираното, поради што се предвидува незначително намалување на средствата за овие цели на 730 милиони евра. Средствата се пренаменуваат кон проекти кои покажуваат позитивна динамика на реализација.

Очекувањата се дека инфлацијата во текот на годината ќе достигне 3,5%, а се предвидува дека ребалансот на буџетот ќе биде усвоен најдоцна во првата недела од август.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави