Полипи на матка: Причина, симптоми и третман кој понекогаш може да доведе до рак

Полипите на матката се формираат на нејзиниот внатрешен ѕид и се главно бенигни.

Најчесто се појавуваат кај жени во менопауза и кај жени со висок крвен притисок, жени со прекумерна тежина и кај оние кои примаат хормонска терапија со висока доза на естроген.

Полипите на матката се долгнавести или кружни израстоци на внатрешниот ѕид на матката и обично се бенигни, но постои можност да преминат во рак.

 

Полипите на матката се предизвикани од прекумерен раст на ендометријалното ткиво и се прикачени на слузницата на матката со тенко стебленце.

Тие може да се разликуваат по големина, па затоа има и такви со големина од неколку милиметри до неколку сантиметри.

Причини за полипи на матката

Полипите на матката најчесто се појавуваат кај жени во перименопауза и менопауза, но понекогаш се присутни и кај помлади жени.

Исто така, постои поголема шанса за нивна појава кај жени со прекумерна тежина, жени со висок крвен притисок (хипертензија) и жени кои земаат хормонски замени кои вклучуваат високи дози на естроген.

Симптоми на полипи на матката

Симптомите на полипите на матката се различни и често човек на почетокот нема да помисли дека се полипи. Токму затоа е важно да се оди на редовни гинеколошки прегледи.

 

Симптомите се:

• неправилни менструации

• обилно менструално крвавење кое не е вообичаено

• крвавење помеѓу менструации

– крвавење после сексуален однос

– крвавење после менопауза

Ако полипите се прилично големи (неколку сантиметри), понекогаш може да предизвикаат досадна болка во долниот дел на грбот или стомакот. Без разлика што тие се претежно бенигни, односно безопасни, многу е важно да се обратите на лекар доколку забележите некои од овие симптоми бидејќи се многу слични на симптомите на рак на грлото на матката.

 

 

Како се третираат полипите на матката?

Третманот на полипите на матката зависи од симптомите што ги предизвикуваат и други фактори кои го зголемуваат ризикот од рак на матката.

Ако жената е сè уште во репродуктивна возраст и полипите не предизвикуваат премногу симптоми, лекарот најверојатно ќе го следи нивниот развој и ќе ги третира само кога ќе почнат да претставуваат ризик по здравјето.

Меѓутоа, доколку полипите почнат да предизвикуваат одредени симптоми и да влијаат на квалитетот на животот, ќе биде неопходен третман.

Третман на полипи на матката

Полипите на матката може да сетретираат на неколку начини:

1. Лекови

Важно е да се нагласи дека лековите не се долгорочно решение бидејќи симптомите почнуваат да се враќаат веднаш штом ќе се прекине терапијата.

2. Хистероскопија

Хистероскопијата е хируршко отстранување на полипи и, за време на оваа процедура, лекарот ќе користи хистероскоп за да ја испита внатрешноста на матката, да ги пронајде полипите и да ги отстрани. Доколку докторот смета дека е потребно, полипите ќе ги испрати во лабораторија на испитување за да се види дали има знаци на рак.

 

Приближно пет проценти од сите полипи на матката се канцерогени.

Не смеете да имате секс два дена пред хистероскопијата, а непосредно пред процедурата ќе треба да направите тест за бременост. Хистероскопијата трае помеѓу 15 и 30 минути, а веднаш потоа одите дома и можете да се вратите на вашите вообичаени активности.

Исто така, можно е да почувствувате мала болка слична на менструалната болка и да искрвавите благо во следните десет дена.

Се препорачува да имате секс дури по следната менструација. /Точка/

АКТУЕЛНО

Поврзани објави