Search
Search

Половина Битола и делови од Новаци и Могила со часови без вода

Половина Битола и делови од соседните општини Новаци и Могила повеќе часови се без вода откако при подготовка на улица за реконструкција во центарот на градот, изведувачот скина една од главните водоводни артерии.

Директорот на Јавното претпријатие „Водовод“ Пеце Милевски вели дека станува збор за голем дефект, а нивните екипите се на терен и работа за да се создадат услови за санација на проблемот.

Затворен е главниот резервоар на вода од каде се снабдуваат пониските делови за системот да се испразни и да може да се работи на отстранување на дефектот. Исто така отворени се и хидрантите на неколку локации низ Битола.

Од ЈКП Водовод велат дека поголем е трошокот за неповратно изгубената вода која е испуштена од системот, отколку за санација на дефектот. Но, фактурата за направените трошоци ќе биде испратена до приватната фирма изведувач, која ќе треба да ја надомести штетата.

Битолски Водовод испрати цистерна со питка вода низ населбите за да се снабдат граѓаните. Но, претпријатието располага само со една цистерна која е малку за да се снабдат сите населени места кои се без водоснабдување./telma/

АКТУЕЛНО