Search
Search

Полскиот министер: Војниците од некои земји на НАТО се веќе во Украина

Полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски денеска изјави дека војниците на НАТО се присутни во Украина.

„Војниците од некои земји на НАТО се веќе во Украина. Би сакал да им се заблагодарам на земјите кои го преземаат тој ризик. Тие ќе се препознаат“, рече Сикорски, коментирајќи ги зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон за можното испраќање на западни трупи во Украина, пренесе РБК-Україна.

Сикорски не сакаше да каже на кои земји мисли.

„За разлика од некои европски политичари, нема да го кажам тоа“, рече Сикорски.

На крајот на февруари Макрон не ја отфрли можноста за испраќање западни трупи да ѝ помогнат на Украина, но додаде дека во моментов во НАТО нема консензус за ова прашање. САД отворено се спротивставија на оваа идеја, иако некои земји, како што се оние од Балтикот, ја поддржаа.

Како што јави РБК-Україна, Politico објави дека постои можност Франција да собира коалиција од земји кои би биле подготвени да испратат војници во Украина. Полска првично се спротивстави на присуството на трупите на НАТО во Украина, но подоцна ја омекна својата позиција, се додава.

 

АКТУЕЛНО