Search
Search

Пораснаа даноците, ѓубре насекаде, битолчани прашуваат каде се ветувањата на Коњановски?

Заедно со мене да ја вратиме Битола на граѓаните, да биде град на битолчани, а не град-фирма, изјави тогашниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а сега градоначалник на Битола,Тони Коњановски.

Сепак, од она што се издвојува од неговото локално владеење се зголемени даноци, со месеци ископани улици, стари дотраени камини за ѓубре, затнати шахти при секој дожд, не остварени ветувања.

Советот на Општина Битола летоска ги разреши управните и надзoрните одбори на јавните претпријатија поставени од локалната власт, а кои работат со загуба. Разрешени се управувачките тела на Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и КИЦ.

Во последните две години, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, стана предмет на јавна контроверза по повод на своето финансиско управување со јавните средства. Според информациите во медиумите Коњановски потрошил над 60 милиони евра од буџетот на градот, а битолчани се соочуваат со сомнежи за резултатите од неговата локална власт.

Ако го отварате веб-сајтот на Општина Битола гордо се прикажувани богатата културна сцена на градот, но со оглед на нејзините инфраструктурни потреби, мнозина се прашуваат дали градот се фокусира прекумерно на културните настани на штета на конкретни инфраструктурни проекти.

Се забележува дека на сајтот на општината нема конкретни информации за завршените инфраструктурни проекти или нивниот напредок. Со поголемата потреба за подобрување на инфраструктурата во области како патиштата, водоснабдувањето и комуналните услуги, битолчани се прашуваат дали културните настани не го прекриле вниманието кон сериозни проблеми.

Додека тој најчесто го обвинува другите за неговите неуспеси, мнозинството од граѓаните се прашуваат дали неговата администрација е вистински виновна за неуспехот во исполнување на поставените цели.

Што ветуваше…

„Две години локална власт, ДПМНЕ и Коњановски ги изневерија битолчани. Поминаа 2 години, половина од мандатот како локална власт на Коњановски и ДПМНЕ во Битола.

Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати.  ДПМНЕ и Коњановски ги покачија сметките за данок на имот за 300%. Го поскапија паркингот, ги уникаа слободните 15 минути, а нови паркинг места нема!

Гарантираа инвестиции и нови работни места. Нова инвестиција нема!  Срушија трафики и затворија мали бизниси од кои стотици битолски семејства егзистираа!

Коњановски гарантираше нови кружни текови, а единствениот што започна да го гради после 2 години го погреши.  Гасоводот и топловодот се пред Битола, а Коњановски нема изградено една педа од топловодната и гасоводната мрежа низ градот! Нема ново основно училиште, нема нова зграда за пожарникарите, нема нов мултифункционален спортски комплекс, нема рекреативен центар во Смолево!  Го нема ниту реконструираниот планинарски дом Копанки!

Коњановски ветуваше нов парк во нова Битола со авантуристички содржини, а цели две години му требаат за паркчето четири пати помало од ветеното! И тоа уште не е завршено“, велат од СДСМ.

Од друга страна советникот во Советот на Општина Битола од ВМРО-Народна партија, Кире Климески истакнува дека Тони Коњановски на 7 oктомври 2021 година за време на кампањата за локалните избори ветуваше: поддршка за доброволните противпожарни друштва, современи услови за пожарникарите вработени во ТППЕ Битола, нов објект –изградба на пожарна во касарната.

“После 2 години изгубено време на народот од лагите на локалната власт и 0 денари вложени пари во Пожарната ќе кажеме дека Коњановски не ја оправда довербата на битолчани. Напротив ги разочара и ги изневери и пожарникарите и битолчани“, рече Климески.

Коњановски вети и Мултифункционален спортски комплекс, Нови паркинг места кај “селската” автобуска станица, во Смолево вети ревитализација и доизградба на Рекреативен центар!

Тој вети трим-патеки од бекатон плочки, со осветлување, клупи за одмор по цела површина на „Тумбе кафе“, обновување на скалилата по кои се искачуваат граѓаните, обновување на рекреативниот спортски кафе – бар како монтажен објект од еколошки материјали, па дури и обновување на повеќегодишните растенија!

 

 

 

АКТУЕЛНО