Пораст на анти- родовите движења поддржани од религиозни и политички фигури  

Граѓанското општество продолжува да работи во поволна средина, но растечкото анти-родово движење постои и е поддржано од претставници на локалната власт, верски и политички фигури и тоа придонесува за намалување на просторот за граѓански активизам особено на тема чувствителни прашања како што се, родова еднаквост, LGBTQ+ права, сексуално образование и сексуални права.

Во време кога почитувањето на човековите права, особено правата на жените и на маргинализраните заедници, се главна тема во земјите од Европа, па и во светот, поради се посилните антиродови движења, се осврнуваме на состојбата со човековите права во земјава, гледана низ призмата на Извешатојот на ЕК за земјава објавен на веб страната на „Kvinna till Kvinna Foundation“ на 10 ти април.

Иако Извештај на Европската Комисија за Северна Македонија во делот на родовата еднаквост, правата на жените и на маргинализираните заедници го потврдува напредокот во многу сегменти на почитување и унапредување на човековите права, извештајот посочува и на сите недостатоци во имплементацијата на законите, во нивното практично спроведување и го потврдува порастот на анти-родовите движења, често поддржани од религиозни и политички фигури и делови на локалната власт.  

Во извештајот се препорачува вниманието да се насочи на структурните причини за малата вработеност и неактивноста на жените, вклучително и на нееднаквата распределба на неплатени обврски за нега, потоа на делот на недостатокот на законска регулатива за родителско отсуство и на недоволните капацитети за згрижување на децата.

Како главен јаз и понатаму се посочува отсуствотото на специфични препораки за родова еднаквост, како и усвојувањето на предлог Законот за родова еднаквост, Законот за работни односи и Законот за вознемирување во работниот простор.

„Може да се забележи значителен напредок во однос родовиот јаз и родовата еднаквост во земјата. Постои одреден напредок во однос на усогласување со Истанбулска конвенција и развивање на политичка рамка за интегрирање на родовите перспективи и усогласување со правото на ЕУ за родова еднаквост“ стои во извештајот посветен на Република Северна Македонија.

Сепак, како што со право се потсетува, Законот за родова еднаквост не е усвоен поради растечките анти-родови движење и нема ниту предлог за измена за Законот за работни односи и за Законот за вознемирување на работното место, со што  целокупната законска рамка за заштитата на жените останува нецелосна.

Извештајот дава преглед на состојбата на LGBTQ+ лицата, истакнувајќи дека нема вистински напредок во отстранување на негативните стереотипи и говор на омраза кон овие лица во учебниците, ниту во усвојување на национален акционен план за правата на LGBTQ+ заедницата. Исто така, во извештајот се посочува дека нема напредок во спроведувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права во врска со законското признавање на полот со изменување и дополнување на Законот за матичните книги.  

„Во подем е растечка анти- LGBTQ+ реторика, поттикната од религиозните и политичките фигури, што доведува до нетолеранција, омраза говор и напади кон LGBTQ+ лица и активисти“, стои во извештајот.

Она што е потенцирано е и процентуалното учество на жените во политиката. Се истакнува дека до овие избори, бројот на жени пратениците се на највисоко ниво до сега, со 51 жена од 120 пратеници. Процентот на жени во извршната власт е следен : 25% од министрите, 31% од замениците министри и 29% од државните секретари. Иако овие бројки изгледаат ветувачки, тие не успеваат да ја дадат целосната слика за политичкото учество на жените во Северна Македонија со оглед на локалните избори во 2021 година каде што само 2,5 отсто од жените беа избрани за градоначалници, што е далеку од задоволително.

Годинешниот извештај го потенцира напредокот со усвојување на амандманите на Кривичниот законик со кој се регулираат актите на родово базирано насилство, вклучително и следење, злосторства од омраза врз основа на пол идентитет и дефиниција за силување врз основа на недостаток на согласност. Иако ова е позитивен чекор, имплементацијата на Законот за спречување на и Заштита од насилство врз жените и Семејното насилство, заостанува поради релевантното спроведување на законодавствотово пракса.

Препораки за 2024 година се да се усвои на нацрт-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за труд во согласност и Директивите на ЕУ, како и Законот за сексуално вознемирување на работното место. Се препорачува ревидирање на Изборниот законик на Северна Македонија за да се поддржи еднаква застапеност на жените во политиката на национално и на локално ниво и повторно да се воведе препораката на политички партиите да преземат чекори за поттикнување на учеството на жените во изборниот процес. Да се донесе новиот Закон за учебници и други дидактички и наставни материјали кои вклучуваат механизми за спречување на дискриминаторски и стереотипни содржини во учебниците. Да се овозможи сигурна средина за граѓанските организации преку справување со дезинформациите, говорот на омраза и нападите врз граѓанските активисти.

Во извештајот е забележан одреден напредок во однос на интеграцијата на Ромите и во делот на усвојувањето на акционите планови поврзани со Стратегија за вклучување на Ромите и именување на советник на премиерот кој го надгледува прашања за инклузија на Ромите. Сепак, пристапот до вработување и квалитетните здравствени услуги продолжуваат да бидат предизвик особено за жените и девојчињата Ромки.

Извештајот посочува дека граѓанското општество продолжува да работи во поволна средина, но растечкото анти-родово движење постои и е поддржано од претставници на локалната власт, верски и политички фигури и тоа придонесува за намалување на просторот за граѓански активизам особено на чувствителни прашања како што се, родова еднаквост, LGBTQ+ права, сексуално образование, сексуални права.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави