Search
Search

Поречани не отстапуваат од намерата патот до Скопје од 200 да го скратат на 80 километри

„Патот Македонски Брод – Скопје е децениска битка која ја водат поречаните. Битката ја продолжуваме, заедно сме со здруженијата на поречани и вршиме директен притисок на властите, зашто тој пат не значаен само за Македонски Брод туку и за целиот регион.

Имаше ветувања дека сме влезени во програмата на доработка, измена на самата проектна документација, зашто стануваше збор за застарен проект кој бил, уште на времето, го градела ЕСМ кога се работело самото поречко езеро (езерото Козјак) , но од тоа конретно нема ништо. Режимот на сообраќај е со термини. Така, сега имаме четири термини од едната и три термини за сообраќај од другата страна. Тие термини се доволни да се помине низ шумскиот резерват Јасен. Најголем проблем се околу 30 километри кај мостот Белица кој е тесен“, изјави Ристески за МИА.

Тој додава дека на Македонски Брод му е нанесена несомнена штета од државата со изградба на резерватот и нагласува дека жителите нема да се откажат од настојувањата.

„Нашата цел и притисоците се само да се пушти тој пат Македонски Брод – Скопје и со тоа едно чисто, еколошко подрачје ќе го отвориме до метрополата. На тој начин, населението ќе може своите производи да ги пласира на пазарите. Сега, од Самоков ако се тргне, ќе поминеме над 200 километри, наместо 70 до 80 километри до Скопје. Тоа ни претставува голем проблем и го кочи развојот на Македонски Брод. Сѐ уште не сме влезени ниту во програма за изработка и реализација на тој пат. Ние како локална самоуправа не отстапуваме“, рече градоначалник на Македонски Брод.

АКТУЕЛНО