Викендов, повеќе од 60 волонтери обоиле околу 600м2 ѕидна површина на живеалиштата на бездомните кучиња во Јавното претпријатие (ЈП) Лајка.

„Сакаме да ја искористиме оваа прилика јавно да им се заблагодариме на сите прекрасни луѓе и деца, од сите возрасти кои со нивната посветеност и труд беа навистина инспиративни и без нив немаше да успееме да направиме подобра средина за бездомните кучиња“, велат од ЈП Лајка.

Оттаму додаваат дека покрај ѕидовите, обоени биле и 40 врати а биле обновени и реквизитите за игра во парковите во ЈП Лајка.

Фото: ЈП Лајка

Оттаму додаваат дека покрај ѕидовите, обоени биле и 40 врати а биле обновени и реквизитите за игра во парковите во ЈП Лајка.

Акцијата е во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје преку кој биле обезбедени боја и сите потребни материјали за работа