Search
Search

Позајмија пари за авион до Саудиска Арабија, а се вратија со сребро и бронза од Светската олимпијада по хемија

Сребрен медал освои Петар Мирчевски од прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а бронзен – Марио Ванчоски од гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип на 56. Меѓународна олимпијада по хемија која утре завршува во Ријад, Саудиска Арабија. Успешно се претставија и средношколците Иван Костевски од „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од гимназијата „Јахја Кемал“ од Скопје. Ова е прво сребро за Македонија на светскиот натпревар.

Ментори на тимот се професорите д-р Миха Буклески и д-р Марина Стефова од Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија кои го организираат учеството.

„Со големи перипетии тимот замина за Ријад. Авиобилетите ги купија во последен момент со позајмени пари и делумно со донации. Ако не се обезбедат средства, трошокот ќе мора да го сносат учениците. За овој проблем Умно.мк пишува веќе еден месец. Законот за средно образование не предвидува пари за оваа намена, иако МОН доделува акредитации за натпреварите. Во меѓувреме објавивме и повик за донации. Иако тимовите заминаа и сите се вратија со медали, проблемот не е решен и донациите се’ уште се отворени“, велат од тимот.

МОН најави дека кон средината на август ќе ги прими претседателите на здруженијата и учениците-олимпијци.

 

АКТУЕЛНО