Search
Search

Пожар кај салата „Борис Трајковски“, гори дива депонија

Во близина на салата „Борис Трајковски“ во Карпош попладнево избувна пожар, а над населбата се издигнува густ чад. Според првичните информации, запалени се сува трева и ѓубре од депонија.

Скопската противпожарна бригада со три возила интервенира на терен и очекуваат за кратко време да се локализира пожарот.

Во пожарот зафатени се и дрвјата и зеленилото што се наоѓаат во зелениот појас покрај кејот на Вардар.

АКТУЕЛНО