Прашина во воздухот! Над Македонија има големо количество пустински песок од Сахара

Поради силното изразено јужно воздушно струење над Македонија и над Балканскиот полуостров се наоѓа големо количество на пустински песок од Сахара кој што ќе условува висока концентрација на прашна во воздухот. Па затоа врнежите од дожд ќе бидат проследени со висока концентрација на песок односно се очекува нечист дожд .

Во Македонија денес ќе преовладува умерено облачно, ветровито и топло време. Во доцните попладневни и во вечерните часови нестабилно време со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во југозападните, јужните и југоисточните предели, локално да наврнат и до 10 литри. Во текот на ноќта четврток кон петок врнежите од дожд ќе продолжат. Ќе дува доумерен југоисточен ветер кој што ќе достигне брзина до 30 км/ч. Максималните дневни температури во Македонија денес ќе достигнат од 9 до 19 степени.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави