Search
Search

Пратениците не дадоа поддршка за Предлог –законот за амнестија

По скратена постапка пратениците не ја прифатија амнестијата предложена од министерот Кренар Лога. Мнозинството гласаше против, а министерот смета дека Македонија денес е понеправедна држава од вчера. Не излегуваат од Влада, но смета дека гласањето против е одмазда за тоа што не ги поддржал измените во Казнениот законик.

Законот го пуштивме во собраниска процедура иако имаше спротивни аргументи од тие на Лога – нагласува премиерот Ковачевски. Затворите не може да се растоварат со амнестијата бидејќи над 2.000 лица треба да влезат да издржуваат казна затвор.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваше да го блокира законското решение со близу 5.000 амандмани. По ваквиот развој во пленарната сала, Мицкоски со став дека можеби има недоразбирање меѓу Ковачевски и парламентарците од СДСМ.

Сепак, министерот за правда не се откажува од амнестијата. Законот не успеа во скратена постапка, па истиот, најави, ќе го адресира во редовна постапка пред пратениците. Како опција не ги спомена алтернативните мерки на издржување казна.

АКТУЕЛНО