Search
Search

Пред поликлиниката во скопска Железара со нож убиен доктор

Со повеќе убоди од нож синоќа е убиено едно лице пред поликлиниката во населбата Железара во Скопје.

Неофицијално убиеното лице е матичен доктор на кој се уште непознат сторител му нанел 9 убоди со нож од кои тој починал.Според полициски извор станува збор за разбојништво кое заврѓило со смрттни последици.

Како што информираат од МВР за МИА, според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

– На 21.03.2024 во 23:09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

АКТУЕЛНО