Search
Search

Предлог законот за амнестија за ДУИ има хумана димензија

Предлог-законот за амнестија за Демократската унија за интеграција има хумана димензија, а за албанската опозиција – Демократското движење, Алтернатива и Движењето Беса – политичко профитирање пред избори.

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми денеска на прес-конференција истакна дека ќе го поддржат Предлог-законот за амнестија и посочи дека интенцијата на Министерството за правда е издржана.

„Ние го поддржуваме предлог-законот за амнестија. Мислиме дека интенцијата на Министерството за правда е издржана, да има похумани услови за сите кои се по затворите. Во оваа насока, мислам дека само ќе придонесеме за да се обезбедат услови кои што сме приморани како држава да ги обезбедиме. Сепак, има хумана димензија и аспект во сево ова. А за да нема шпекулации во јавноста, со овој закон не се амнестираат убијците, тие што злоупотребиле службена положба, сторители на тешки кривични дела, тие кои се гонат, гонеле кои уште се во постапка од Специјалното јавно обвинителство“, рече Адеми.

Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса, пак, во името на опозициските албански партии истакна дека овој предлог-закон е политичка пропаганда и политичко профитирање пред избори.

„Очигледно е дека Предлог-законот за амнестија е направен од политички интереси на одредени кругови во власта. Кажувам одредени кругови, затоа што се гледа дека и таму веќе не стојат сите зад овој предлог-закон, одредени политичари, пратеници и министри се спротивставуваат на предлог на законот, рече Зендели.

АКТУЕЛНО