Search
Search

Прегазена велосипедистка кај Визбегово

Четириесет и деветгодишна велосипедистка е прегазена вчера кај Визбегово, при што со тешки повреди била пренесена во болница.

„На 24.01.2024 во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, патничко моторно возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х.Е.(23) од с.Визбегово, удрило во велосипед управуван од Р.Р.С.(49) од с.Визбегово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Р.С. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” “

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

АКТУЕЛНО