Search
Search

Прегазена 24-годишна скопјанка, со тешки повреди пренесена во болница

Дваесет и четиригодишна жена се здобила со тешки повреди откако била прегазена во Скопје.

„На 21.03.2024 во 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Трпковски“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(44) од Скопје, удрило во А.Ц.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

АКТУЕЛНО